К О Н К У Р С

Во рамки на истражувачкиот проект “Графен/полимер базирани сензори” (Nato SPS G5244)“, финансиран од NATO Science for Peace програмата, се распишува следниов

К О Н К У Р С

за прием на 1 (еден) млад истражувач за работа на проектот до 12.09.2020г.

Услови за прием на работа на проектот се: да поседува диплома за дипломиран инженер технолог или дипл инж по хемија, да приложи документ за познавање на англиски јазик и да приложи документ дека е поднесено барање за запишување на последипломски студии на насоката “Нови материјали-полимери”. Предност за прием на кандидати ќе имаат дипл.инж. технолози од полимерната насока и од насоката инженерство на материјали и нанотехнологии. Подетални информации може да се добијат на тел.023088249 и по електронска пошта: jadranka@tmf.ukim.edu.mk.

Апликациите (кратка биографија, просек на додипломски студии и пополнет формулар), ќе треба да бидат приложени скенирани електронски на следниот маил: jadranka@tmf.ukim.edu.mk. Формуларот на Ваше барање ќе Ви биде доставен на маил.

Бараните документи треба да се достават на д-р Јадранка Блажевска Гилев или да бидат испратени на адреса Руѓер Бошковиќ 16, 1000, Скопје до 26 октомври 2018, н/р ЈБГилев.